еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави приходи имале лани Сител, Алфа, Телма, Канал 5 и Алсат М

Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година покажува дека терестријалните телевизии на државно ниво – Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 1.106,93 милиони денари, а потрошиле вкупно 1.103,39 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алфа, Алсат М, Канал 5 и Сител лани со добивка, Телма со загуба

Највисоки вкупни приходи остварила ТВ Сител (474,04 милиони денари), а истовремено потрошила и најмногу средства (461,50 милиони денари).

Најниски се приходите на ТВ Телма во износ од 115,02 милиони денари, стои во анализата.

-Телма е единствената телевизија што потрошила повеќе средства отколку што остварила приходи.

Заедничите вкупни приходи на овие пет телевизии се за 4,46% повисоки отколку во претходната година, но тоа се должи на зголемувањето на приходите на само две телевизии – ТВ Сител за 14,59% и ТВ Алфа за 13,93%.

Останатите три телевизии оствариле помалку приходи отколку во претходната година, и тоа ТВ Алсат-М за 2,01%, ТВ Канал 5 за 9,77% и ТВ Телма за 2,73%.

Во апсолутни вредности, приходите на ТВ Сител се за 60,35 милиони денари повисоки отколку во претходната година, а на ТВ Алфа за 17,08 милиони денари. Вкупните приходи на ТВ Алсат-М се за 3,27 милиони денари пониски отколку во 2022 година, на ТВ Телма за 3,23 милиони денари, а на ТВ Канал 5 за 23,65 милиони денари, стои во анализата.

86,30% од вкупните приходи овие телевизии ги оствариле од продажба на времето за рекламирање.

-Учеството на приходите од рекламирање во вкупните приходи на секоја телевизија поединечно е највисоко кај ТВ Сител (98,07%). ТВ Канал 5 од рекламирање остварила 93,73%, ТВ Телма 90,47% и ТВ Алсат-M 87,31%.

Забележително пониско е учеството на овој вид приходи во вкупните приходи на ТВ Алфа, која од продажба на времето за рекламирање остварила само 30,17% од вкупните приходи. За оваа телевизија најзначаен извор на приходи во анализираната година биле приходите од продажба на содржини, во вкупен износ од 89,09 милиони денари.

Вкупните приходи од рекламирање што заеднички ги оствариле овие пет телевизии изнесуваат 955,29 милиони денари. Тоа е за 4,71% повеќе отколку во претходната година, но се уште помалку отколку во предпандемиската 2019 година.

Зголемувањето на заедничките приходи од реклами во однос на претходната година се должи на повисоките приходи што ги оствариле ТВ Сител (за 15,50%, односно за 62,38 милиони денари) и ТВ Алфа (за 14,57%, односно за 5,36 милиони денари).

Останатите три телевизии оствариле помалку приходи од реклами отколку во 2022 година, и тоа ТВ Алсат-М за 1,03% (1,45 милиони денари), ТВ Канал 5 за 10,12% (23,05 милиони денари), а ТВ Телма за 0,28% (0,29 милиони денари), стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МРТ лани со загуба од 131,7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почна кампањата за референдумот: Заев го поврза со гласањето за независноста на 8 септември 1991 година

Редакција

Нови 1.222 случаи на Ковид-19 од 4.342 тестови, 157 се реинфекции

Редакција

Спасовски: Богоевски не бил прислушуван од институциите, туку бил сниман со мобилен или друг уред

Редакција