Владата му препорача на Надзорниот одбор на државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ) на местото на разрешениот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Фахрудин Хамиди, да го постави Хекуран Асани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходно за оваа позиција во државното друштво, кое е во фокусот на јавноста по инцидентот со нападот таму, го предложи Илир Мехмеди, но тој не го исполнуваше условот да стане директор, бидејќи немал лиценца за контролор на летање, ниту такво работно искуство, па Владата го повлече предлогот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешени двајца од тројцата директори на М-НАВ
Кој е Хекуран Асани
Асани е вработен во М-НАВ од 2005 година.
Од 2007 година е контролор на летање.
Во 2010 година се стекнал со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е и инструктор за областа контрола на летање.
Со тоа е исполнет условот, одреден во статутот на М-НАВ, извршниот директор да има дозвола за надзор и контрола на летање, како и работно искуство од најмалку шест години.
Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ