еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од Прилеп приведен за предизвикување пожар

Вчера од слобода бил лишен П.П. (77) од Прилеп поради тоа што предизвикал пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп, откако претходно П.П. во двор од својата викендица во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, но огнот се проширил наоколу.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство за еМагазин: Страната ни е хакирана, не ни функционираат ни мејловите

Редакција

МВР: Дисциплинска одговорност за полицајците кои незаштитени приведоа момче со куче

Редакција

Министерството за животна средина и просторно планирање вработува 11 лица, плата до 29.694 денари

Редакција