Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика Македонија, Србија и Црна Гора „уште утре“ да бидат примени во Европската унија (ЕУ), а не Украина.
„Србија би можела да биде примена во Европската унија уште утре и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја.
Северна Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија“, изјави Орбан, кој повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ, бидејќи, според него тоа „ќе ја уништи унгарската економија“.
Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.
Фото: Влада