еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Макпетрол со највисока дивиденда од сите компании кои котираат на Берзата

Макпетрол АД Скопје, од досега објавените најави, годинава го има највисокот износ за дивиденда по акција од сите компании кои котираат на Македонската берза.

Како што соопшти компанијата ќе дели дивиденда од 3.700 денари бруто по акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.700 денари бруто по акција

еМагазин направи ексклузивен преглед на дивидендите кои годинава ќе ги исплатат компаниите кои котираат на Берзата.

По Макпетрол следи Реплек АД Скопје, кој ќе дели дивиденда од 3.000 денари бруто по акција.

Следи Цементарница Усје АД Скопје која ќе дели дивиденда од 2.415 денари за акција.

БИМ АД Свети Николе ќе дели дивиденда од 2.000 денари бруто по акција.

Прилепска пиварница АД Прилеп ќе дели дивиденда од 1.111 денари бруто по акција.

Комерцијална Банка АД Скопје ќе дели дивиденда од 910 денари бруто по акција.

Алкалоид АД Скопје ќе дели дивиденда од 540 денари бруто по акција.

Дивиденда од 200 денари бруто по акција ќе дели Македонијатурист АД Скопје.

Дебарски бањи – Цапа АД Дебар ќе дели дивиденда од 143 денари бруто по акција.

Тетекс АД Тетово пак ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција.

ТТК Банка АД Скопје ќе дели дивиденда од 108 денари бруто по акција.

Европа АД Скопје ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција.

Гранит АД Скопје ќе дели дивиденда од 42 денари бруто по акција.

Рудници Бањани АД Скопје ќе дели дивиденда од 40 денари бруто по акција.

Мода АД Свети Николе ќе дели дивиденда од 6,45 денари бруто по акција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Заев во Њујорк се сретна со Мицотакис: Средбата пред камерите изгледаше пријателска

Редакција

(Видео) Маж и жена од Скопје откако донесоа донација за настраданите во Турција, ги донираа и палтињата кои ги носеа

Редакција

Царинската управа вработува 11 државни службеници

Редакција