Новиот секторски извршен директор на државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), Милан Кораќ е избран за претседател на Управниот одбор на Друштвото, информираа од таму преку Македонската берза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Од Друштвото информираат и дека тој и Хекуран Асани, се и официјално новите директори на М-НАВ.
Кораќ доаѓа на местото на разрешениот Љубе Стаменковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Љубе Стаменковски, разрешениот директор во М-НАВ, на чие место доаѓа Милан Кораќ
Нов член на УО е и извршниот директор Асани, кој дојде на местото на разрешениот Фахрудин Хамиди, како и Хасим Деари, третиот директор на М-НАВ, кој не беше разрешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен
Фото: М-НАВ