еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Невреме со силен ветер и град се најавува и за денеска

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека во текот на попладневните часови се најавува нестабилност на времето, при што се очекуваат поројни врнежи од дожд, проследени со силен ветер, град и процеси во форма на невреме.

Поради можноста од краткотрајни интензивни врнежи од дожд локално е можно нагло и рапидно зголемување на водостојот на помалите реки низ земјава и суводолиците.

Исто така, во дел од градските урбани средини и населените места поради карактерот на очекуваните врнежи (интензивни со кратко времетраење) можна е локална појава на брзо истекување на атмосферската вода и појава на локални проблеми.

После врнежите во изминатите неколку дена, водостоите на реките се надпросечни и прилично високи. И покрај најавениот локален карактер на врнежите, се очекува и кај поголемите реки да останат високи водостоите и да бележат тенденција на благо покачување.

„Според дел од моделите за временска прогноза, источните и југоисточните делови од земјата ќе бидат подлежни на нешто поголеми врнежи во текот на попладневните часови и ноќта, каде ќе има услови за зголемување на водостоите на реките во овие делови. Поради очекуваниот пороен карактер на врнежите можна е појава на одрони и свлечишта.

Препорачуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците, како и на оние места каде во текот на денот и вешерните часови ќе има поројни врнежи од дожд,“ се вели во соопштението.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографии од сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

Редакција

Измени и дополнувања на Тарифникот на Македонска берза

Редакција

Почина Амди Бајрам

Редакција