еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинар и видеографер на ТВ 21 и новинар на Ројтерс беа на разговор во полицијата оти користеле дрон за собирот во Скопје, реагираа ЗНМ и ССНМ

Новинар и видеографер на ТВ 21 и новинар од Србија, ангажиран од агенцијата Ројтерс, синоќа неколку часа беа на разговор во полициската станица „Центар“ во Скопје, бидејќи користеле дрон за да го снимат собирот на плоштадот Македонија во Скопје за загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани.

Проблемот настанал, бидејќи не биле известени дека е донесена забрана за летање на било каков дрон на територија на Скопје, Штип и Кочани.

Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) забранила употреба на дронови над Кочани и Штип. Во соопштението не беше спомнато Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани употреба на дронови над Кочани и Штип

Како што објави порталот Скопје 1 полицијата реагирала, бидејќи летовите не биле соодветно пријавени во АЦВ, каде се регистрира секој лет. Дале свои изјави, по што, им била посочена регулативата која е релативно нова и биле пуштени да заминат.

-Никој од нив, не биле запознаени со новите правила за употреба на дронови, кои се релативно нови и на сила се нецели три месеци. Според истите, сега сите кои сакаат да надлетуваат, треба да креираат кориснички профил на drone.gov.mk, а потоа, да се регистрираат како оператор.

По ова, следува делот за сертификација. Секој мора да го проследи курсот за самообука и полагање, по што полага тестови со над 30 прашања. На крајот, (не) се здобива со сертификат.

Следната фаза е сертификатот заедно со валиден документ за идентификација (лична карта/пасош) да се регистира операторот, каде се внесуваат личните документи, сертификатот, како и серискиот број од дронот кој се управува. Откако инспектор од АЦВ ќе го одобри профилот – може да се прави најава на лет.

До годинава, дроновите кои се со тежина до 249 грама, можеа да се летаат без никаква регистрација, па токму оттука дошло недоразбирањето помеѓу операторите на дронови кои биле повикани во станица и полицијата. Правилата се реалтивно нови и не секој е запознаен со нив.

За вчера, биле пријавени само три летови на скопскиот плоштад.

Доколку постои место кое е забрането за надлетување, тогаш, самиот софтвер на Агенцијата не дозволува да се најави лет, а со тоа, операторот знае дека не смее да надлетува, пишува Скопје 1.

За настанот реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Од таму изразија „загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми“.

-Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна.

Дополнително, во соопштенијата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, за градот Скопје воопшто не беше спомената ваква забрана. Ова отвора сериозни прашања за правната основа на постапката кон новинарите.

Согласно Правилникот за воздухоплови без екипаж (Член 7, Став 1), одредени зони можат да бидат ограничени поради безбедносни или други важни причини, но ваквите одлуки, како што се наведува во реакцијата, мора да бидат прецизно дефинирани и јавно достапни навремено. Општата примена на забраната без претходно известување и врз цел град, како во овој случај, не е во согласност со оваа правна рамка.

Во интерес на јавноста, бараме од МВР и АЦВ да дадат јасно појаснување за следниве прашања: Зошто забраната за дронови беше објавена дури откако протестот веќе започна?

Според најавата, Скопје не беше опфатено, а новинари сепак беа повикани на информативен разговор? По кој правен основ цели градови се опфатени, наместо конкретни зони како што предвидуваат подзаконските акти? Зошто медиумите не беа навремено известени за ограничувањата?.

Очекуваме институциите да постапуваат транспарентно и во согласност со законите, со цел да се избегнат дејствија што можат да се протолкуваат како ограничување на работата на медиумските работници и слободата на медиумите и тоа за настани од висок јавен интерес.

Воедно, апелираме до новинарите кои користат дронови да го прават тоа одговорно и со внимание, без да ги вознемируваат семејствата и блиските кои поминуваат низ тежок период, особено во наредните денови кога ќе се одржуваат погребите на починатите, велат од ЗНМ и ССНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венко Андоновски: „Ние сме контејнери од кожа, а не луѓе„

„Во веце го чекале судниот момент„: Доктор Беќаровски сподели траорни приказни за преживеани во пожарот во Кочани. кои се лекуваат на Токсикологија

(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

Редакција

АЕК ќе ги блокира повиците од странските непознати броеви и апелира граѓаните да не одговараат

Редакција

Твитер за првата дебата на Силјановска, Река и Пендаровски: „Да сум Заев или Мицковски више не би се појавил ни на интервју“

Редакција