По приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, во неговиот автомобил беше пронајден и пиштол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу
За истиот тој имал дозвола, а како што изјави за телевизијата Сител, истиот го имал дента во автомобилот, бидејќи секој ден одел на стрелиште, а истото го планирал и по завршувањето на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фуркан Салиу објави нови снимки од неговото приведување
Тој најави дека ќе поднесе поднесок до внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи.
„Преку адвокат ќе поднесам поднесок до внатрешпната контрола на МВР, особено за делот на отворањето на моето возило без мое присуство и без судски налог. Како знаеле дека е тоа моето возило? Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште?
Доказ дека одам на стрелиште може да се најде во стрелиштето каде се запишува и потпишува секој поединец. Го искористија моментот за да ми ‘вратат’ за прилозите кои што ги објавив на Порталикс, а кои се однесуваат на лажните анкети“, вели Салиу за Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу
Фото: Фејсбук/Салиу