Членот на криминалната скопска група “Барон“, Акиф Бејадин Равманоски од Арачиново или попознат како Акиф Јусуфи, откако пред некој ден беше помилуван од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска е уапсен за обид за убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова
29-годишниот Равманоски, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), е уапсен за пукањето во скопски Чаир на 14. октомври годинава, за што веќе се водеше истрага.
Тој со огнено оружје го ранил Е.А. (35) од Скопје, а МВР му поднесе кривична пријава по брза постапка за кривичното дело „убиство“.
Детали за апсењето соопштија и од Јавното обвинителство.
-Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата, велат од таму и информираа дека за него е побаран притвор.
Со одлуката на претседателката затворската казна на Равманоски беше заменета со условна осуда на 1 година и 3 месеци, а беше осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова
Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО