еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Потпишан договорот за изградба на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција, треба да биде завршен во 2027

Денеска во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини беше потпишан договорот за изградба на македонскиот дел од гасоводниот интерконектор Македонија – Грција, проект од стратешко значење за енергетската иднина на земјата и регионот.

Интерконекторот, на потегот од Гевгелија до Неготино, во должина од 68 километри на територијата на земјава, ќе овозможи транспорт на природен гас и водород, придонесувајќи кон енергетска безбедност, намалување на загадувањето и забрзување на транзицијата кон зелени извори на енергија.

Истиот ќе го гради кумановската фирма „Рапид билд“ ДОО.

Целосната изградба треба да заврши за 22 месеци и тој да биде ставен во функција во 2027 година.

Изградбата на интерконекторот е финансирана од Владата, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена на поништениот тендер.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 265.000 евра

Редакција

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Редакција

Твитер го „подбра“ Шилегов: „Не би било Луна парк без кафана“

Редакција