еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина новороденче, вонреден инспекциски надзор на клиниките во Битола и Скопје

Новороденче од Битола почина на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, откако претходно во саботата поради влошена состојба било префрлено на лекување од Битолската болница.

Тоа починало на 15. јуни, а било родено претходниот ден, со царски рез.

Од Министерство за здравство најавија вонреден инспекциски надзор на двете клиники.

„Во текот на денешниот ден од заменик министерката Маја Манолева е испратена наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче,“ се вели во соопштението од Министерство за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наредните денови многу студено, утрата и до -15 степени

Редакција

Скопјанка која се водеше како исчезната најдена почината во близина на манастир во Пинтија

Редакција

Се разгледуваат законски измени за зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Редакција