еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб во Битола, Георгиевски

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера во Софија, Бугарија, имал средба со претседателот на избришаниот од Централен регистар бугарски клуб „Иван Михаилов“ во Битола, Љупчо Георгиевски, на кого периодов му се суди за ширење раздор, нетрпеливости и омраза кон македонскиот народ и придобивките од НОБ и зa ширење ксенофобија преку компјутерски систем.

Од Кабинетот на Радев за средбата информираа дека очекуваат Македонија во најбрз можен рок да ги вклучи Бугарите во Уставот и да се продолжи со имплементација на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој е составен дел од преговарачката рамка.

Георгиевски пак изразил надеж бугарската заедница во Македонија што поскоро да биде вклучена во Уставот, со што ќе се создале уставни гаранции за заштита на нивните права и ќе се отворел патот на државава за почеток на преговори за членството во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар, ама пак работи

Периодов членовите на „Иван Михаилов“ регистрираа нов бугарски клуб под името „Една роза“ и ги задржаа истите простории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Фото: Влада/Фејсбук/Георгиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Мариово беснее пожар кој се шири во линија долга 20 километри

Редакција

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Прва опишана епидемија со конго-кримска хеморагична треска во Македонија имало во 1971 година

Редакција