еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот „Соравија“ за внукот на Али Ахмети, се уште во предистрага

Случајот „Соравија“ за внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети се уште е во предистрага.

Како што и е познато на јавноста младиот бизнисмен за без пари стана сопственик на 39% од овој трговски центар во центарот на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска информираа дека се спроведувала обемна истрага, не само околу купопродажбата на акциите, туку и се проверувале наводи за незаконски дејства на Дрин Ахмети и преку Фондот за иновации, Капетанијата, Дирекцијата за заштита на конкуренцијата и Централниот депозитар.

Обвинителството се обратиило и до МВР, каде два сектора постапувале по обвинителска наредба, во предистрагата биле вклучени и Управата за финансова полиција и Управата за јавни приходи, а биле побарани информации и од трети земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раководството на Комората во ТЕ-ТО: Ако централата работи со полн капацитет, компаниите ќе немаат проблем со набавка на струја

Редакција

Мицкоски: Недобивањето датум не е пораз на граѓаните, туку на политиките на Заев и власта

Редакција

Пад за 81,8%: Минатата недела два смртни случаи од Ковид-19

Редакција