Македонија следната недела во Лондон ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Оваа е втор ваков договор за Македонија.
Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство освен зајакнување на безбедноста на Македонија, како што образложија македонскиот премиер Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон предвидува и заем за Македонија од 6. милијарди евра, кои земјава ќе ги троши за проекти во инфраструктурата, железницата, здравството…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега не е позната каматната стапка за заемот, грејс периодот и како ќе се враќа.
На вчерашната заедничка прес-конференција на Мицкоски и Лосон исто така беа деманитарани шпекулациите во македонските и британските медиуми дека договорот предвидува и дека Македонија се обврзала да прифаќања мигранти од Обединетото Кралство.
САД е првата земја со која Македонија скјлучила договор за стратешко партнерство
На 7. мај 2008 година во Вашингтон, САД од страна на тогашниот министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски и тогашната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс, беше потпишана Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.
Потпишувањето на Декларацијата уследи поради грчкото вето на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година.
Поради неуспехот на американскиот претседател Џорџ Буш да издејствува членство на Македонија во Алијансата беше донесен предлог да се потпише декларација со која САД ја гарантира безбедноста на Македонија.
Со Декларацијата се потенцира определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можноста да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците, преку промоција на културна и образовна размена.
Новиот договор за стратешко партнерство пак доаѓа во време кога Македонија е блокирана на патот за официјално да ги започне преговорите за членство во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство