Од денеска почнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски стаза, ски лифт и пропратни елементи за сите возрасти, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на месец ноември. Ова значи дека љубителите на зимскиот спорт од сите генерации ќе можат да уживаат уште од оваа зимска сезона.
Уште еден голем проект и инвестиција која го продолжува и така брзиот развој на нашата општина. Теренските работи се донација на општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци.
Инвестицијата е донација од 231.660 евра од кои 115.000 евра се средства од Комерцијална банка, и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО,“ вели Јанчев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Кавадарци ќе има ски центар
Фото: Општина Кавадарци