еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски останува во притвор, одбиена неговата жалба

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која беше киднапирана и убиена, Александар Ѓорчевски, останува во притвор откако неговата жалба е одбиена и од Апелациониот суд.

Минатиот месец и Кривичниот суд Скопје го одби барањето на неговата одбрана да му биде одреден куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања останува во затвор, Кривичен го одби барањето да оди во домашен притвор

Тој е еден од осомничените за киднапирањето на неговата ќерка, а тој во неколку наврати посочи дека нема врска со тоа и дека не ги познава киднаперите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Апелација по претходната јавна седница го одби неговото барање како неосновано и дополнително го потврди решението од Кривичниот суд со кое на Ѓорчевски му се продолжува мерката притвор за уште 30 дена.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе решение со кое жалбата на осомничениот А. Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, информираа од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежниците во првото полугодие договориле бизнис во странство вреден 198 милиони денари, повеќе за 44,2% од лани

Редакција

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

Редакција

Ако почувствувате некој од овие симптоми можно е да е Ковид-19 и јавете се на матичен лекар, препорачуваат од Министерство за здравство

Редакција