На маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта, Унгарија, македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера имаше средба и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што информираше самиот на социјалните мрежи средбата била продуктивна и со него отворено разговарале за одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија.
Мицкоски по средбата вели дека е оптимист за нашата европска иднина.
„Се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси„, напиша тој на Фејсбук.
Во видео-обраќање од таму тој информираше и дека имал и други билатерални средби.
„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и која е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините што следат. Мора да успееме, мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, вели тој меѓудругото во обраќањето.
Во македонската делегација на состанокот беа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија да го промени Уставот како што вети, порача идната еврокомесарка за проширување, Кос
Фото: Мицкоски/Фејсбук