Изборната кампања за престојните претседателски и парламентарни избори е во тек, а една од темите која е во фокусот на истата се и уставните измени со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав, што е услов Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија (ЕУ).
Како што е веќе познато, партиите на етничките Албанци нема да формираат влада со партнер кој нема да ги спроведе уставните измени, а како што откри деновиве кандидатот за претседател на Македонија на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, помеѓу истата и владејачката ДУИ имало џентламентски договор дека нема да влезат во влада, која нема да ги усвои уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца кандидати на странска политичка партија за парламентарните изборите
Коалицијата „Вреди“ ја сочинуваат Алтернатива, Беса, Демократско движење, како и симпатизерите на партијата на косовскиот премиер, Албин Курти, Самоопределување и на истата моментално се гледа како иден можен партнер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која според сите анкети моментално има највисок рејтинг.
ВМРО-ДПМНЕ пак периодов го повтори својот став дека нема да има уставни измени под „бугарски диктат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интересно е дека и Таравари вели дека ако добие мандат ќе бара гаранции од ЕУ дека за Македонија по уставните измени нема да има нови услови, што го бара и ВМРО-ДПМНЕ.
Тој исто така даде и рок за уставните измени – шест месеци по формирањето на новата влада.
Дали по изборите токму поради уставните измени на Македонија ќе и се случи „бугарско сценарио„, односно неможност да се формира влада, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вархеји не очекува промена на Преговарачката рамка за Македонија