еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во странство се уште се лекуваат 11 повредени од пожарот во Кочани

Министерството за здравство информираше дека четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство каде што се лекуваа и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Еден од повредените пристигнал во Македонија во тек на вчерашниот ден од Софија, Бугарија, двајца се враќаат денеска од Белград, Србија, а четвртиот треба да пристигне утре од Софија.

Во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 повредени и тие се во стабилна состојба.

Од таму информираат и дека специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените.

Во третманот на повредените со изгореници се вклучени и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Депеш мод“ со нов албум

Редакција

Каков имот пријавил Сурија Рашиди, разрешениот директор на МЕПСО, на чие место доаѓа Зуди Енузи Кока

Редакција

Предлог-законот за попис во Собрание: Ќе се преброиме ли конечно?

Редакција