еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 15 само 7. кандидати во трка за претседател на Македонија

Од 15. кандидати за претседател на Македонија, синоќа до полноќ, кога беше рокот за собирање на потребните 10.000 потписи, само седум ги исполнија условите за учество на престојните претседателски избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24. април.

Од нив две се жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Станува збор за професорката Гордана Силјановска Давкова, зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Втората е Билјана Ванковска, кандидат на опозициската Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Трет е актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, кој по вторпат ќе се обиде да биде претседател на Mакедонија, а зад него застана владејачката СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Четврт е министерот за надворешни работи и потпретсадтел на владејачката ДУИ, Бујар Османи, кој е кандидат на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Петиот кандидат е градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – За наша Македонија, на која е претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Шестиот е градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата “Вреди“, која ја сочинуваат неговото „крило“ во Алијанса за Албанците, Беса, Демократски сојуз, Алтернатива, а истата има и подршка од партијата „Самоопределување„ на косовскиот премиер Албин Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

И уште еден актуелен градоначалник влегува во претседателската трка. Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ и градоначалник на скопски Карпош.

Вториот круг на изборите ќе се одржи на 8. мај, кога се одржуваат и парламентарните избори, а кампањата почнува на 4 април.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силен земјотрес со епицентар во Маврово ја разбуди Македонија

Редакција

Мицкоски: Слушнав дека Груевски треба да се јави во затвор, разочарани сме

Редакција

Вкупно 4.891: Починаа уште 36 лица од Ковид-19, од нив три во домашни услови

Редакција