еМагазин
Image default
Бизнис

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Приходите од работењето на Хотели-Метропол АД Охрид лани изнесуваат 201.693 илјади денари и истите гледано споредбено со 2022 година се зголемени за 11%, информираат од таму преку Македонската берза.

-Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 198.451 илјади денари, што покажува зголемување за 15 % во однос на 2022 година, останатите приходи во износ од 1.450 илјади денари се намалени во однос со истите од минатата година.

Финансиските приходи се зголемени во однос на 2022 година и изнесуваат 1.863 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 175.721 илјади денари, се на исто ниво во однос на расходите во 2022 година.

Најголемо учество во  расходите од работењето за 2023 година од 40% имаат трошоците за вработени во износ од 70.112 илјади денари, кои споредбено со 2022 година се зголемени за 4%, согласно покачувањето на минималната плата.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 52.839 илјади денари се значајна ставка во расходите со 30% учество во расходите од работењето, кои во однос на 2022 година се намалени за 11%.

Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите од претходната година за 74% и изнесуваат 170 илјади денари.

Хотели-Метропол во 2023 година оствари позитивен финансиски резултат остварувајќи нето добивка од 26.831 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хотели-Метропол со загуба во првиот квартал

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпрогрес“ отвори Центар за развој и Прогресив академија во Виница: Нови патишта за успехот во регионот

Редакција

Поради заболени работници со Ковид-19, светиниколската конфекција „Мода“ ги затвори погоните

Редакција

Драгољуб Арсовски купи акции во ТТК Банка

Редакција