Во 2024 година, Алкалоид АД Скопје, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории.
Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него Алкалоид вложи вкупно 19,4 милиони евра.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 298.250.975 денари, информираат од таму.
Вработени
Во периодот јануари – март 2024 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 90 нови вработувања во Македонија.
Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина на нето-износот од 40.500 денари.
Групацијата Алкалоид брои 2.910 вработени, од кои 2.215 се во земјава, а 695 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Алкалоид