еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грешка на службите на белградскиот аеродром со патници од Македонија создаде хаос

Поради пропуст на службите со патници од Македонија на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград, Србија, синоќа настана хаос.

Како што информираа од српското Министерство за внатрешни работи во транзитната зона дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои патувале до европски и светски дестинации, а на нив претходно им била направена контрола на пасошите и багажот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Како што пренесоа српските медиуми до проблемот во безбедносната контрола на аеродромот дошло кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобус, кој по грешка ги однел на погрешна локација за излез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Дел од патниците мораа да ја напуштат зградата и уште еднаш поминаа низ безбедносната контрола што веќе ја поминале, а тоа создаде паника и хаос, и предзвика доцење на многу летови и застој во воздушниот сообраќај на белградскиот аеродром.

После 21 часот сообраќајот на аеродромот беше нормализаран, а српските медиуми јавуваат дека и денеска има доцнење на летови.

Видео: Moj Beograd/Serbialive_BeogradИнстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна постапката за екстрадиција на Палевски од Турција

Редакција

МВР склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 19,1 милиони евра

Редакција

(Фото) Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora во скопски Центар

Редакција