еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски, ги соопшти имињата на новите министри на партијата во македонската Влада.

Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски.

Министер за одбрана – Владо Мисајловски.

Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска.

Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски.

Министер за локална самоуправа – Златко Перински.

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски.

Министер за спорт – Борко Ристовски.

Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска.

Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски.

Министер за култура и туризам – Зоран Љутков.

Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски.

Министер за образование и наука – Весна Јаневска.

Министер за политички систем – Љупчо Димовски.

Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ.

Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу.

Предлог составот и програмата на Владата, Мицкоски ќе ги достави до Собранието во вторник, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6. јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати кандидатите за министри на ЗНАМ

Орхан Муртезани кандидат на Алтернатива за министер, кои се кандидатите за заменици-министри

Познати кандидатите на Беса за идни министри

Видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 5,6%: За една недела 38 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Од четврток дождови

Редакција

СВР-Битола апелира на внимателност заради измами со откуп на злато

Редакција