еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Возило во Струмичко излетало на длабочина од пет метри, две лица останале неповредени

На патниот правец од Струмица кон браната Водоча вчера имало излетано возило надвор од патот на длабочина од пет метри, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК од Струмица, за излетаното возило добил пријава од граѓанин, по што веднаш биле известени Министерството за внатрешни работи (МВР) и струмичката Територијална противпожарна единица (ТППЕ), кои излегле на терен.

„Околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот на патниот правец од Струмица кон браната Водоча. Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица кои излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот на длабочина од пет метри.

Лицата ги немало во и околу возилото, биле барани и било констатирано дека имало две лица, коишто за среќа не биле повредени“, информираа од ЦУК.

Двете лица, додаваат од ЦУК, сами го напуштиле местото на настанот и случајот не го пријавиле навреме.

Излизганото возило од долот длабок пет метри, било извлечено вчера попладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сабота можност за локално невреме, од недела посвежо време

Редакција

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Редакција

Koja e Марковски компани, која добива милионски тендери на ЕСМ

Редакција