еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска врнежливо време, наместа со пороен дожд, од четврток постабилно и потопло време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто на Груевски кој нелегално влегол во Албанија, му било дозволено да излезе со лична карта

Редакција

Правда ќе бара во Стразбур: Пчеларот чии пчели искасале сограѓанин треба да плати околу 10.000 евра казна

Редакција

(Фото) Али Ахмети славел роденден со татко му на Дрин Ахмети

Редакција