еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Галеника ја презема дистрибуцијата на премиум дермакозметиката Cantabria Labs

Фармацевтската компанија Галеника продолжува стратешки да го проширува портфолиото преку партнерство и ексклузивен договор со компанијата Cantabria Labs, една од водечките шпански производители на премиум дермокозметички брендови, информираат од таму.

Со тоа Галеника ја презема дистрибуцијата на премиум дермакозметиката Cantabria Labs за пазарите во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Cantabria Labs работи на 85 пазари низ светот, има највисоки стандарди за квалитет и производи кои во нивните категории се лидери во Европа.

Годинава Галеника планира да лансира дури 80 нови производи. Стекнувањето на компанијата LifeMedic и партнерството со италијанскиот производител Pharmalife Reasearch, новиот премиум договор за соработка со Cantabria Labs од Шпанија и проширувањето на сопственото портфолио на Галеника – заедно дополнително ја зајакнуваат позицијата на компанијата на пазарот, а на потрошувачите и на пациентите им нудат широк спектар на современи фармацевтски производи со највисок квалитет.

„Стратешки сме фокусирани на зајакнување на Галеника преку проширување на сопственото портфолио и воспоставување партнерства со светски производители. Во текот на минатата година Галеника започна нов инвестициски циклус, чиј фокус е натамошното проширување на најсовремените производствени капацитети и заштита на животната средина.

Од 2023 година се инвестирани 18,8 милиони евра во развој на 3 нови фабрики и реконструкција на комплетниот внатрешен водовод, што резултираше со заштеда на потрошувачката на вода од 10 проценти. Како и досега, во согласност со плановите за развој, продолжуваме да инвестираме во дигитализација и натамошен развој на производствените капацитети, притоа проширувајќи го нашето деловно присуство на меѓународните пазари,“ изјави Рикардо Виан Маркес, генерален директор на Галеника.

Заедно со грижата за здравјето, грижата за луѓето е во врвот на приоритетите на компанијата. Галеника континуирано инвестира во едукација и во подобрување на условите за работа и безбедноста на вработените. Годинава се планира дополнително проширување на e-learning платформата за вработените, што е во согласност со фактот дека Галеника е компанија на експерти.

Во рамките на интернационализација на бизнисот, минатата година беа лансирани производи во Словенија и во Хрватска, а во Чешка и во Словачка беа отворени претставништва, и годинава на овие пазари се очекуваат првите производи од Галеника.

Процесот на дигитализација континуирано продолжува и придонесува за квалитетот на работата и бизнисот. Преку најмодерната платформа SAP Analytics Cloud, дигитализирана е анализата на сите деловни процеси во компанијата, што претставува подобрување на стратешкото и оперативното деловно планирање. Планот е да се воведе стандардот ISO 27001 за управување со безбедноста на информациите, како и имплементација на Digital Manufactoring платформа за дополнително зголемување на ефикасноста и продуктивноста во производството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонско сценарио“ за упадот во РТС: Твитер го „подбра“ Вучиќ

Редакција

Стрес заради застарени системи и субстандардни услови за работа: Здружението на контролори на летање го поддржува штрајкот

Редакција

Драстично зголемување на прометот на Македонската берза

Редакција