еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Возењето на Olympos Teleferik на падините на планината Tahtali, е нешто што не смеете да го пропуштите во Анталија

Известувач од Анталија за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Анталија не е само уживање по хотели, на плажа и пливање во море, туку многу повеќе од тоа.

Ако сте љубител на планините и авантурата, тогаш возењето со жичарницата Olympos Teleferik, е вистинско доживување.

Веднаш до крајбрежјето на падините на планината Tahtali, позната како една од највисоките планини на светот, жичарницата Olympos Teleferik нуди неповторливо авантуристичко доживување.

„Оваа тура е доста атрактивна за нашите гости, бидејќи се качувате на височина од 2.365 метри надморска височина од каде што на дланка се гледа Кемер и околното крајбрежје,“ вели за еМагазин.мк, Далила Мелајац претставник на Фибула Анталија за дестинации.

Нејзиниот капацитет е 80 лица во кабина, се движи 10 метри во секунда, возењето од стартната точка до врвот изнесува 10 минути.

Стартната позиција на жичарницата е на 726 метри надморска височина, а крајната на 2.365 метри надморска височина, елевацијата е 1.639 метри надморска височина.

Погледот го одзема здивот, бидејќи крајбрежјето на Кемер се има на дланка, како и околните планини. На врвот има бројни активности, од летање со параглајдер, до банџи џампинг, најхрабрите што се качуваат летаат над планината, има ресторан од кој може да се доживеат најубавите зајдисонца, сувенирници, кафетерии.

Престојот на 2.365 метри надморска височина е место кое вреди да се посети.

Доколку ве послужи среќа и времето да е убаво, денот без облаци, за да се отвори бескрајниот хоризонт, тогаш ќе биде искуство за паметење.

За оваа тура може да се информирате од водичите на Фибула, во хотелот каде што ќе бидете сместени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Што се нуди во Кемер, за претстојната туристичка сезона

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски го одби Заев, не гледа потреба да присуствува на лидерската средба во петок

Редакција

„Можда Европа е секси ама Америка има поголеми цицки“: Твитер реакции за изјавата на Заев, дека Европа е најсексипилна дама во светот

Редакција

Македонските граѓани без работна дозвола ќе можат да работат во Србија и Албанија

Редакција