еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Два синдиката парите за 8. Март ги наменија за монитор и дигитална вага за Детската клиника

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Царинската управа денеска донираа монитор за следење на виталните параметри на потешко болните пациенти и дигитална вага со висинометар за мерење на телесната тежина и висина, за потребите на одделот на Гастроентерохепатологија на Детската клиника во Скопје.

„Оваа иницијатива беше поттикната од страна на Синдикалната организација при Царинската управа која наместо подароци по повод денот на жената Осми март, одлучи средствата кои ќе се искористеа за таа намена да ги насочат на оние кој во овој момент тоа им е најпотребно.

Со обезбедените средства се набавија монитор за следење на виталните параметри на потешко болните пациенти и дигитална вага со висинометар за мерење на телесната тежина и висина.

Донираниот монитор, поседува сонди за следење на работата на срцето (пулсот), кислородна сатурација, респираторните патишта, телесната температура, ЕКГ и крвниот притисок, и е наменет и за помалите и поголемите деца.

Освен интервентните процедури, мониторот ќе користи и за следење на виталните параметри кај потешко болните деца кои се хоспитализирани на детската клиника. Дигиталната вага со висинометар ќе се користи за мерење на телесната тежина и висина и истата ќе се користи во секојдневната работа на одделот,“ велат од УПОЗ.

Од таму се надеваат дека ваквите активности ќе бидат поттик и останатите синдикални организации наместо прослави или подароци да организираат донаторски акции и да им помогнат на оние лица кои во овој момент имаат најголема потреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

81,8% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

(Фото) Кои се 10. победнички во изборот „Жена на годината 2021”

Редакција

43-годишен велешанец пронајден починат на паркинг во Скопје

Редакција