еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Активни седум пожари во Македонија

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека во земјава се активни седум пожари.

Во изминатото деноноќие имало вкупно 29 пожари.

Активен е пожарот меѓу селата Селце и Пухче во Општина Штип, каде гори мешана шума и пожарот во реонот на армискиот полигон Криволак кон Пенуш, каде има многу голема „фронтова“ линија и гори ниска вегетација.

Во Општина Македонски Брод меѓу селата Брезница и Тажево гори квалитетна борова шума. Интервенираат 15 вработени од националниот парк „Јасен“ помогнати од 30-тина припадници на Армијата кои деноноќно се борат огнот да не се пробие кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје „Јасен”. Вчера, армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можел да дејствува од густиот чад.

Активен е и пожарот во Општина Чашка меѓу селата Габровник и Мокрени, каде гори мешана шума и ниска вегетација. Линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила.

Пожар има и кај селото Небрегово во Општина Долнени, каде гори нискостеблеста шума, како и кај селото Гостиражни. Се работи за префрлен пожар од селото Богомила.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска во Македонија има околу 1.000 нови случаи на Ковид-19

Редакција

(Фото) Дел од градската скривница во Струмица стана уметничка галерија

Редакција

Немало ништо спорно во тоа што Владата го сменила првичниот предлог за директор на М-НАВ, смета премиерот

Редакција