еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Детален преглед: Каде се лекуваат повредените од пожарот во Кочани

Од Министерството за здравство информираат за состојбата на пациентите во установите во Македонија и странство.

Од таму напоменуваат дека сите пациенти се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство.

Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Во Австрија од вкупно шест пациенти кои беа на интензивно лекување, еден пациент е префрлен на оддел, а другите се во потешка, но стабилна состојба.

Во Литванија четворица пациенти се уште се на интензивно лекување, кои се во стабилна состојба во моментот.

Во Србија, од вкупно 30 пациенти, 11 се интубирани во потешка општа состојба, а останатите се стабилни.

Во Бугарија се хоспитализирани вкупно 15 пациенти, од кои седум се интубирани и 6 оперирани, со стабилна хемодинамика, а двајца почнуваат од денес да се движат.

Во Словенија во УКЦ Љубљана се хоспитализирани двајца пациенти, кои се во потешка здравствена состојба, со благо подобрување од вчера.

Во Грција од вкупно 12 пациенти, двајца се критични, но стабилни во моментот, тројца од нив се оперирани. Утрово се пристигнати и нови пациенти во Атина, кои се хоспитализирани и се под опсервација.

Во Белгија и во Италија се хоспитализирани по 4 пациенти и сите се стабилни.

Во Хрватска се хоспитализирани двајца пациенти во тешка општа состојба, но стабилни, а за пристигнатите тројца нови пациенти во тек се дополнителни иследувања.

Во Полска се на лекување двајца пациенти, од кои едниот е екстубиран, а другиот е на интензивно лекување.

Денес се во тек подготвителни активности за транспорт на двајца пациенти за Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумте приведени полициски службеници констатирале дека дискотеката во Кочани ги исполнува законските услови за работа

Во контакт сме со Фондација од Холандија која има банка на кожни ткива, размислуваме за трансплантација, вели Клековски

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре: Во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе се задолжи за околу 600 милиони евра за да се справи со кризата со корона вирусот

Редакција

Ветрот и се насмеа на власта: Излезете надвор, во Скопје се дише

Редакција

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција