еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Детали за Панчо од ДНК од „Аџибадем Систина“, каде се лекува

По бројни различни информаци за здравствената состојба на пејачот Владимир Блажев Панчо од ДНК, единствено од негови колеги, кој беше повреден во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, каде што ДНК имаше концерт, денеска за неговата состојба информираа од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што се лекува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се влошила состојбата на Панчо од ДНК

Од таму велат дека тој е во стабилна состојба и во моментот не е во животна опасност, а е на интензивна нега.

„Пациентот Владимир Блажев-Панчо од приемот до денес се наоѓа во единицата за интензивно лекување. На овој оддел се применува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведување на интензивното лекување, она што можеме да кажеме е дека пациентот е стабилен и дека во моментот е надвор од животозагрозувачка состојба.

Неговото лекување продолжува во единицата за интензивна нега, во третманот е вклучен мултидисциплинарен тим лекари со цел да овозможат најдобра медицинска грижа“, велат од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не штитете некој кој треба да е зад решетки, порачува Наталија сопругата на Андреја Ѓорѓиески

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

Фото: ДНК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција

За убиство на маж во велешко Долно Караслари приведени сопругата и двата сина

Редакција

Откако играше на свадба со пиштол, Владата го разреши Џеват Исени

Редакција