еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорката на Токсикологија им забрани на вработените да дават изјави за медиумите, ЗНМ го осуди обидот за цензура

Не стивнуваат скандалите на Клиниката за токсикологија откако таму организациска директорка стана Бесија Иљази, кадар на Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села.

Најновиот е наредбата на Иљази со која на сите вработени им забранува да даваат изјави за медиумите без нејзина согласност.

„Клиниката ја донесе следната Наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на Клиниката.

Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкционирање“, стои во наредбата.

За истата реагираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кое го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Иљази.

Од ЗНМ нагласуваат дека ваквата наредба претставува кршење на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот.

– Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес.

Новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес, велат од ЗНМ.

Најавуваат и формално обраќање до ресорното Министерство и барање одговорност од директорката на Клиниката за токсикологија и од сите инволвирани во донесувањето на оваа наредба.

Дополнително, ЗНМ ќе инсистира за итно повлекување на наредбата и воспоставување на транспарентност во работењето на Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беќаровски бил од времето на друже Тито, разрешениот директор Петровски ја вработил снаа му, вели директорката на Токсикологија

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет новопочинати од корона вирусот, вкупно 193

Редакција

Почнува јавната расправа во Апелацискиот суд за случајот „27 април“

Редакција

Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори

Редакција