Договорите за вработувањето на 18. лица на Клиниката за токсикологија се невалидни, бидејќи на истите има само еден потпис, од организациската директорка Бесија Иљази, но не и од медицинскиот директор, како што предвидува Законот за здравствена заштита, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што информираше директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, предметот од направената контрола на Клиниката од страна на ДСЗИ ќе го пратат до Министерството за здравство за да ја провери валидноста на овие договори.
Согласно Законот за здравствена заштита, како што кажа таа, законодавецот не предвидел глоба за оваа проблематика.
Според неа, засега нема казни и санкции, но Министерството за здравство има ингеренции да постапува за валидноста и дека за тоа треба да се изјасни правниот сектор.
Младеновска рече дека денеска извршиле контрола на Клиниката откако на 2. мај од ДСЗИ издадоа решение во кое се забрани пристап на здравствени работници и работници кои немаат важечки договори за вработување и извршување здравствена дејност.
„Денеска извршивме контрола по решение во кое констатиравме фактичка состојба дека по истото решение е постапено заклучно со 15.05.2024 година, датум кога се потпишани договорите за вработување на овие лица кои беа спорни во изминатиот период“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма