еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жената од Кратово убила во самоодбрана, не со умисла, сметаат од Платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство.

„Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение.

Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство.

Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13. јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот.

По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.“

Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда.

„Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале.

Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани.

Ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство.

Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите,“ додаваат од таму.

Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следи постапувањето на надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жената од Кратово била тепана и давена, пред да ги убие сопругот и свекoрот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 588 нови случаи на Ковид-19 од 5.780 тестирања

Редакција

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Редакција

Македонија и Турција потпишаа Договор за воено-финансиска соработка   

Редакција