Жена на возраст од 75 години од селото Пепелиште починала откако на 3.декември била удрена од товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки.
Се работи за жена со инцијали А.А., а несреќата се случила на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“.
Возачот откако ја удрил го напуштил местото на несреќата, по што тој вчера е уапсен и со него е извршен службен разговор во полициска станица.
Станува збор за Д.С. (55) од Пепелиште.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.