Од Министерството за внатрешни работи информираа дека полициски службеници го уапсиле М.Ј. (31) од Свети Николе затоа што завчера околу 13.30 часот кај место викано „Крушки” во атар на Свети Николе предизвикал пожар во руинирана куќа, кој се проширил на сувата трева околу куќата.
Пожарот е локализиран од пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Свети Николе и локалните жители.
По насоки од Основното јавно обвинителство Свети Николе М.Ј. бил задржан во ПСОН Свети Николе, а потоа со соодветна пријава бил изведен пред судија на претходна постапка од Свети Николе, кој му определил мерки на претпазливост.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.