еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани

Вчера за пожарот во т.н. дискотека “Пулс’ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 197 беа повредени, беа уапсени тројца градоначалници на Општина Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?

Актуелниот Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка, а на позицијата дојде во 2021 година, Николчо Илијев, од опозициската СДСМ, кој беше градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година и Ратко Димитровски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше градоначалник во периодот од 2009 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани

За што се уапсени?

Тројца градоначалници на Општина Кочани се уапсен за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица

Како што објаснија денеска од Основното јавно обвинителство Кочани, градочалниците кои се веќе осомничени и се опфатени со истрагата на Обвинителството, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, како и осомничени двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле т.н. кабаре “Пулс“ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон.

-За целиот тој период Општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект, кажаа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев

Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски

Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски

Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали вашите деца знаат за корупција?

Редакција

Бројот секојдневно расте: За едно деноноќие 927 прекршоци за неносење маски

Редакција

Голем раст: 219 нови случаи на Ковид-19 од 4.713 тестирања, во Скопје и Тетово по 65

Редакција