Државниот завод за статистика информираше дека во првите три месеци од годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158.247.000 денари, што е за 10,8 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Градежната оператива од Македонија во овој период во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49.822.000 денари, што е за 16,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Македонските градежници договориле и вршеле работа во Германија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Албанија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.