ЗК Пелагонија АД Битола во првите девет месеци од годинава остварил добивка во износ од 7.574 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Во анализираниот пресметковен период на финансиските извештаи во деловната 2024 година остварени се оперативни приходи на износ од 686.392 илјади денари, и истите бележат намалување од 19 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година.
Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 79 % од вкупните оперативни приходи или износ од 540.946 илјади денари.
Приходите од продажба се намалени во однос на претходната деловна година за 18%.
Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 121.916 илјади денари учествуваат со 18 % во вкупните оперативни приходи .
Остварените оперативни расходи заклучно со 30.09.2024 година опфаќаат износ од 650.974 илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 35.418 илјади денари или за 5 %.
Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 23.107 илјади денари.
Финансиските приходи во анализираниот период изнесуваат 10 илјади денари, а финансиските расходи изнесуваат 4.747 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првото полугодие