Поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи (МНР) апелира до македонските граѓани да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.
„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected] ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] )“, велат од МНР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.