еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Инциденти и провокации на протестите во Белград, студентите се повлекоа од безбедносни причини

Инциденти и провокации се случija на масовниот претест во Белград, поради што студентите се повлекoa од просторот пред зградата на Собранието и од плоштадот Славија.

Од Пионирскиот парк каде беа собрани поддржувачи на власта, беа фрлани шишиња и камења.

Претходно на бината пред плоштадот Славија се обратија десетина студенти кои порачаа дека долго време молчеле за сите неправди и ги повикаа сите граѓани да им се придружат на барањата за подобра иднина.

Посочија на бројноста и дека секој глас се брои за Србија да се разбуди.

„Да истраеме во борбата за студентите, земјоделците, просветните работници, адвокатите, фармацевтите, лекарите, актерите, уметниците, новинарите, инженерите, за сите животи што ги загубивме и за оние што ќе ги изгубевме ако продолжевме да ги слушаме. Ноќта е најтемна пред зори. Се додека не се исполнат барањата!“, порача една студентка во својот говор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Колку голем беше протестот во Белград

(ВО ЖИВО) Масовен протест во Белград

Фото: CRTA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.518: Седум нови случаи на заболени со коронавирусот

Редакција

Партиско дувло: Бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемил за речиси 1.000 лица од 2009 до 2018 година

Редакција

Македонските државјани да ја напуштат Сирија, апелира МНР

Редакција