Сандра Крстиќ е една од судиите кои не одредија мерка притвор за четирите лица, кои се осомничени за упадот во Македонска навигација (М-НАВ), Друштво во државна сопственост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала судија во Кривичен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила
На свое име пријавила два стана, еден во Скопје, а другиот во Белград, Србија, кој е од наследство.
Вози дури три автомобили, Киа рио, Шкода октавиа и Пасат фолксфаген.
Пријавила и уметнички и колекционерски предмети, акции и дивиденда од истите, но не навела каде.
На свое име пријавила и два кредити, едниот според податоците кои ги дала треба да е исплатен, за другиот нема податок за рок.
На име на сопругот пријавила куќа во Скопје и уште една куќа таму, на име на родителите.
На име на родителите пријавила и возило Мерцедес.
Акции, без да наведе каде, пријавила и на име на сопругот.
На име на децата пријавила девизни штедни книшки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ