еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и сега веќе поранешниот градоначалник на Гостивар е новиот министер за здравство. На оваа позиција беше и во 2017 година.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник. Сега ќе треба да достави нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во Скопје од 261 метар квадратен, проценета на 9,2 милиони денари.

На име на сопругата пак пријавил стан, исто така во Скопје од 94 метри квадратни.

Вози Волво, а неговата сопруга Цитроен.

На име на родителите пак пријавил три деловни простори и две куќи во Гостивар, како и градежно земјиште во Тетово, од наследство.

Има и кредит од 6,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2043 година.

Како заеднички имот пријавил и колекција од уметнички слики од македонски автори, а на име на сопругата златен накит, проценет на 1,3 милион денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска загрижена за разрешувањето на Дамева, очекува реакција од институциите

Редакција

Најмладото на 44 години: Од Ковид-19 починале 36 лица, кај 32 регистрирани коморбидитети

Редакција

Ристо Пенов избран за нов министер за локална самоуправа

Редакција