Поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кадар на СДСМ, поради истрага на Управата за финансиска полиција за наводна проневера на пари, остана без пасош, а повремено треба да се јавува и во суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега нема официјални информации за случајот, а медиуми неофицијално објавија дека станува збор за наводна проневера на пари во ТИРЗ Штип и ТИРЗ Струмица.
Тој претходно даде исказ во Основното јавно обвинителство Скопје.
еМагазин го разгледа анкетениот лист на Деспотовски, кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога беше на претходната функција – в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој, кој го имаме во архива.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил куќа во Крушево од 133 метри квадратни и во Скопје од 150 метри квадратни.
Пријавил и три стана во Скопје од по 41,45 и 64 метри квадратни, како и деловен простор во Скопје од 29 метри квадратни.
На име на сопругата пак пријавил имот од 316 метри квадратни во Гостивар, кој е подарок и земјоделско земјиште во Скопје.
Вози Голф 5, а пријавил и акции, но не навел каде.
Пријавил и побарувања, рента, како и девизни и денарски депозити на име на децата и сопругата.
Има и кредит од 7,2 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година и заем од 1,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2025 година.
Фото: Деспотовски/Фејсбук