Меѓу осомничените за трагедијата во Кочани се и тројца градоначалници на Општината. Актуелниот во заминување, Љупчо Папазов, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, неговиот претходник Николчо Илијев, кадар на опозициската СДСМ и неговиот претходник, Ратко Димитровски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца поранешни градоначалници на Кочани се во затворот во Куманово
Вчера сите тројца добија притво од по 30 дена, а двајца од нив се во затворот во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани
Како што информираа од Основното јавно обвинителство, тие се осомничени, бидејќи на т.н. дискотека/кабара „Пулс“, каде во пожар загинаа 59 лица, а беа повредени 203, и овозможиле да работи и покрај тоа што не ги исполнувала законските услови, а за целиот тој период од нејзе Општината примала уплати по основ на надоместок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени
еМагазин разгледа што пријавил како имот Илијев, на open.org во 2017 година кога станал градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски
Каков имот пријавил
На име на децата пријавил куќа од наследство во Кочани.
На нивно име пријавил и градежно земјиште во Јастребник и Полаки.
На свое име исто така пријавил градежно земјиште во Полаки, каде има и куќа за одмор, како и куќа за одмор во Грција и куќа во Кочани.
Во Кочани на свое име има и стан, како и два во Центар.
На свое име пријавил и хартии од вредност.
Според податоците кои ги дал тогаш, има долга листа на банкарски денарски и девизни депозити на свое, на име на сопругата и на децата. Истата можете да ја видете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
Фото: Фејсбук/Илијев