еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил премиерот Мицкоски: Куќа вредна 450 илјади евра, нема автомобил, ама има скапи часовници

Познато е каков имат поседува новиот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Христијан Мицкоски, новиот македонски премиер

Објавен е неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стана пратеник на последните парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Премиерот Мицкоски приватно

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во скопско Влае, проценета на 26,8 милиони денари (околу 450 илјади евра).

Истата е стекната со договор за купопродажба во 2014 година, кога беше професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Нема свое возило.

На свое име пријавил и кредит од 406 илјади денари, но не навел кога е земен и кога треба да се врати.

Пријавил и девизна сметка, ама не навел колку пари има на неа.

На свое име пријавил и два скапи часовници, кој ги поседува од 2015 и 2016 година.

Едниот е проценет на 824 илјади денари (околу 13,5 илјади евра), а другиот на 2,3 милиони денари (околу 39 илјади евра).

На свое име пријавил и уметнички слики, проценети на 614 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Александар Николоски, новиот министер за транспорт и вицепремиер

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час се укинува од вечерва

Редакција

Коце Трајановски нов директор на ЈП за државни патишта

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција