еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации, за кој Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување на грантови на Дрин Ахмети

Поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проекти во вредност од 81 илјада евра на две фирми во сопственост на Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Државната комисија за спречување корупција од Владата побараа разрешување на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, кој е кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал директор на ФИТР

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа во Тетово, како и земјиште и деловен простор, исто во Тетово, од наследство.

На име на родителите пријавил и сопственост на фирмата „Берлин комерц“.

Вози Шевролет круз, а на име на родителите пријавил возило Ауди.

На име на сопругата пак пријавил и приход за трето дете.

Има приходи и од авторски права, како и од консултантски услуги.

На свое име пријавил и неколку денарски и девизни штедни книшки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации за кои Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување гранотови на внукот на Ахмети

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Фото: Фејсбук/Халили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трета жртва: Од морбили почина бебе од тетовско

Редакција

Дојде време културните работници да плачат по власта на ВМРО-ДПМНЕ и Ганка

Редакција

Шест починати од Ковид-19, кај сите регистриран коморбидитет

Редакција