еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?

За поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, останува притворот кој го доби за кримналот во Државна лотарија вреден осум милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Оваа е последната официјална информација која ја соопштија македонските институции од кои се уште нема одговор каде избегал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?

Во меѓувреме медиумите повикувајќи се на информации од институциите објавија дека тој е во Албанија, во близина на Драч, а дека е во соседната земја, пред неколку дена потврди и првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити потврди: Бегалецот Груби е во Албанија

Познато е дека Груби границата со Косово на Граничниот премин „Блаце„ ја поминал со дипломатското возило на сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, кој даваше и исказ во полицијата за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Папранику, сопственикот на Нептун и почен конзул на Косово, со чие дипломатско возило Груби избега во Косово

Според телевизијата ТВ21, Груби го замолил Папранику да го однесе во Тирана, Албанија, каде што требало да се сретнат со група адвокати кои би започнале постапка за негово отстранување од црната листа.

Патувањето според телевизијата било договорено два дена однапред, пред да биде познато дека Груби е осомничен за криминалот во Државна лотарија.

-Тргнале рано наутро, околу 8 часот, откако купиле геврек и јогурт од пекарницата „Берекет“. На граничниот премин, каде што имало неколку возила, конзулот ги предал пасошите на полицаецот и го прашал зошто има таква гужва и дали имаат решение.

Полицаецот одговорил дека „немаат доволно луѓе“. Пасошот на стопанственикот кој е и почесен конзул бил задржан 10 секунди, а од Груби само 2 секунди.

Рампата била крената и поминале без проблем. Истото го направиле и на влез во Косово.

Патот ги водел преку Приштина кон Тирана. Неколку километри пред Приштина, Груби почнал да добива пораки дека против него има активна постапка и дека е барано негово присуство. Стопанственикот му предложил да се вратат, но Груби одлучил да продолжат кон Тирана, објави ТВ 21.

По пат застанале и на неколку бензински пумпи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарем е можно во ДУИ да не знаеле за криминалот на Груби, од кој сега се оградува партијата

Меџити потврди: Бегалецот Груби е во Албанија

Бегалецот Груби е во близина на Драч во Албанија?

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 54 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, се ограничува капацитетот во јавниот превоз

Редакција

Андреја Јосифовски доби престижна награда за животно дело за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Редакција